Утрински Весник
Магазин

Човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага осуден на 21 година затвор

Човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага осуден на 21 година затвор
Dik 300x250 mk

Џејмс Хауард Џексон, кој минатата година пукаше и го рани шетачот на кучињата на Лејди Гага додека ги крадеше нејзините француски булдози, ја прифати спогодбата за признавање вина и е осуден на 21 година затвор.

dobivaj vesti na viber

Според Канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес, Џексон се изјаснил дека не ја оспорува едната точка од обвинението за обид за убиство, и дека ги признал наводите за нанесување тешка телесна повреда.

Тој беше обвинет за обид за убиство, заговор за извршување грабеж и напад со полуавтоматско оружје.

Во соопштението од Канцеларијата на окружниот обвинител се наведува: „Спогодбата за признавање вина утврдува одговорност на господин Џексон за извршување ладнокрвен насилен чин, и обезбедува правда за нашата жртва“.

Џексон беше еден од петте луѓе кои учествуваа во насилниот грабеж на домашните миленичиња на Гага, но властите велат дека бандата конкретно не ја таргетирала поп ѕвездата бидејќи не знаеле дека кучињата се нејзини.

Наместо тоа, тие веруваат дека мотивот на групата била вредноста на француските булдози, кои можат да се продаваат по десетици илјади долари.

 

Можете да прочитате

Затвореник за малку ќе му го пресекол гркланот на Пи Диди, потврди адвокатот

Потврдено: Луѓето со шизофренија ги слушаат своите гласови како туѓи

НОВА ПЕСНА ОД ТАРА – „ЉУБОВ”: ВУЛКАН ОД ЕМОЦИИ, СВЕДОШТВО ЗА ЉУБОВТА И ЗРЕЛОСТА НА ЕДЕН АВТОР