Утрински Весник
Спорт

Експерт за спортско право: Јувентус ќе биде исфрлен во Серија Б

Експерт за спортско право: Јувентус ќе биде исфрлен во Серија Б

Фудбалскиот клуб Јувентус е во опасност да го загуби местото во елитната италијанска лига и да се пресели во Серија Б поради финансиска измама, смета експертот за спортско право, Матија Грасани.

dobivaj vesti na viber

Трофејниот клуб од Торино е под истрага на обвинителството поради лажни финансиски извештаи, поради што минатата недела целото раководство на „Старата дама“ поднесе оставка.

„Ова е најсериозната истрага на која Јувентус некогаш бил подложен, можеби дури и посериозна од „Калчополи“ од 2006 година. Незаконските активности ги опфаќаат областите на правилата на берзата, како и корпоративните и спортските правила. Тоа е без преседан. Јувентус ризикува не само парична казна. Според законот, можно е да биде исфрлен од Серија А“, рече Грасини и продолжи:

„Правилата предвидуваат доколку регистрацијата за шампионатот се постигне преку измени на документи, приватни аранжмани кои ја одложуваат исплатата на играчите во сезоната 2021/2022. или дури и при фиктивен отказ, клубот може да биде исклучен од првенството и да ја загуби титулата шампион на Италија“.

Да потсетиме, Јувентус по аферата „Калчополи“, испадна во Серија Б и му беа одземени титулите од 2005 и 2006. Сезонава по 15 одиграни кола црно-белите се третопласирани во првенството со 31 бод, десет помалку од лидерот Наполи.

Можете да прочитате

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута

Норвешка го елиминира Бразил, Халанд со два гола за четвртфинале