Утрински Весник
Свет

Членките на алијансата не се сложни околу прием на Украина, вели Столтенберг

Столтенберг: Путин не смее да победи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска призна дека членките на алијансата се поделени околу пристапот на Украина, кој ќе биде на дневен ред на самитот во јули во Вилнус.

dobivaj vesti na viber

„По ова прашање има разлики во мислењата во алијансата“, призна Јенс Столтенберг во говорот во германскиот Маршалов фонд во Брисел, потсетувајќи дека „во НАТО одлуките се носат со консензус“.

„Во текот на денот ќе разговарам по телефон за чекорите што треба да се преземат и одговорот на желбата на Украина да влезе во НАТО“, додаде тој. „Никој не може да ви каже што точно ќе биде решено на самитот во Вилнус“, рече тој.

Членството во НАТО ќе и овозможи на Украина да се повика на клаузулата за колективна одбрана во член 5, која ги обврзува сите членки да ја бранат во случај на напад.

 

Сепак, во алијансата нема консензус за терминот „гаранција“, додаваат дипломатите.

„Најголемата безбедносна гаранција ќе биде влезот во НАТО, но тоа нема да се случи додека трае војната“, рече Јенс Столтенберг.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски