Утрински Весник
Свет

Пригожин: Вагнер изгуби 20.000 луѓе во битката за Бахмут

Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут

Евгениј Пригожин, шеф на руската платеничка формација Вагнер, изјави дека неговите војници изгубиле повеќе од 20.000 луѓе во исцрпувачката битка за градот Бахмут во источна Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека околу половина од загинатите биле регрутирани осуденици на кои им била ветена слобода доколку се согласат да се борат.

Пригожин рече и дека руските сили убиле цивили за време на војната во Украина, што Москва жестоко го негира.

Во интервјуто со политичкиот стратег Константин Долгов, Пригожин оцени дека руската цел за „демилитаризација“ на Украина пропаднала бидејќи украинската армија станала посилна поради оружјето што го добива од Западот.

Тој, исто така, оцени дека очекуваната контраофанзива на украинската армија, со оглед на континуираната поддршка од Западот, може да доведе до туркање на руските трупи од југот и истокот на Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Податоците за загубите на Вагнер се во остар контраст со податоците на официјална Москва дека Русија загубила само 6.000 војници од почетокот на 15-месечната војна до јануари оваа година.

Можете да прочитате

Летовите кон Москва ги намалуваат шансите на Грузија за кандидатски статус за ЕУ

ЦРЕА: Нафтената војна на Западот против Русија го губи момент

(Видео) Шефот на Вагнер бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?