
Германската полиција уапси член на терористичката организација Хамас на аеродромот во Берлин, осомничен за подготовка на напади врз еврејски објекти во Германија, соопшти државното обвинителство во Карлсруе.
„Државното обвинителство го уапси 36-годишниот Мухамед С. синоќа по неговото враќање од Бејрут. Тој е обвинет за членство во терористичката организација Хамас и за подготовка на терористички напади врз еврејски објекти во Германија“, соопшти државното обвинителство на Карлсруе.
Како што понатаму се тврди, во август, Мухамед С., во договор со друг член на Хамас кој веќе е уапсен, организирал напади врз еврејски објекти и за таа цел набавил 300 парчиња боева муниција.
Зголемен број на напади врз Евреи
Полицијата уапси неколку членови на истата група минатата година, вклучително и во Лондон, под обвинение за подготовка на напади врз еврејски места во Германија и Европа. Во Германија има зголемување на нападите врз членови на еврејската заедница по нападот на Хамас врз Израел во 2023 година и последователната војна во Газа.
Ситуацијата е особено напната во Берлин, каде што живеат голем број арапски Палестинци. Според Организацијата за борба против антисемитизмот (RIAS), во Берлин секојдневно се евидентираат седум напади со антисемитска позадина.


