Утрински Весник
Македонија

Четвртоодделенците од Аеродром добија бесплатни таблет-уреди

Четвртоодделенците од Аеродром добија бесплатни таблет-уреди

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, и претседателот на Советот, Дејан Митески, денеска, на учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ им поделија бесплатни таблет-уреди. Набавката е целосно реализирана со средства од општинскиот буџет и во рамките на овој проект околу 900 ученици ќе добијат нови уреди, со кои ќе се надмине дигиталниот јаз кај нив и тие ќе ги користат за стекнување нови знаења и развој на дигитални вештини, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Муцунски во изјавата за медиумите потенцира дека детските насмевки во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се уште една потврда дека со континуираните инвестиции во образованието, Општина Аеродром е на вистински пат, но и дека денес се промовира убав проект, од кој бенефит ќе имаат учениците во Аеродром.

„Ние не застануваме тука, продолжуваме да инвестираме во учениците како важен сегмент од процесот создавање модерна и развиена општина. Особено се радувам на ваквите проекти затоа што во услови кога централна власт заборава на учениците и предизвикува неизвесност, ние секојдневно промовираме нови проекти со кои го унапредуваме образовниот процес на локално ниво“, нагласи Муцунски во изјава за медиумите.

Можете да прочитате

Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

Во Скопје балкански самит за влијанието на вештачка интелигенција во модерното време

Во Охрид почина поранешниот Премиер на Шкотска за време на школата за млади лидери