Утрински Весник
Македонија

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

20241125163917 Big 730x400 56.webp.webp

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии „Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија“. 

Форумот има за цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира можностите што ги нудат иновациите и дигиталната трансформација.

Настанот, како што најавија организаторите, ќе собере повеќе од 30 гости, различни засегнати страни, вклучувајќи претприемачи, иноватори, лидери во креативните индустрии, професори, граѓански организации, како и претставници од владини институции и меѓународни партнери.

Форумот ќе опфати повеќе теми и активности поврзани со креативните индустрии и нивниот придонес кон економскиот развој. Панел-дискусиите ќе се фокусираат на клучните аспекти на креативната економија. Во првиот панел, учесниците ќе дискутираат за главните бариери со кои се соочуваат малите и средните претпријатија при пристапот до глобалните пазари, а ќе се разгледаат и интервенциите што се потребни за градење капацитети и поттикнување инвестиции во креативните индустрии. Следниот панел ќе истражи како иновациите, дигиталните алатки, вештачката интелигенција и технолошките напредоци ги преобразуваат бизнис моделите во културните и креативните индустрии. Еден од клучните моменти ќе биде дискусијата за улогата на универзитетите и другите образовни институции во поддршката на креативната економија.   

Ќе се дебатира и за правичната компензација, права и финансиски можности во дигиталното доба. 

Презентациите на иновативни модели од регионот и Европа ќе понудат практични примери на успешни иницијативи, како што се хабови, културни центри и пренаменети простори кои работат во интерес на креативната економија. 

Форумот ќе заврши со сумирање на заклучоците од дискусиите, при што ќе бидат дадени конкретни препораки за политики и стратегии. 

Настанот е поддржан од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (Culture and Creativity for the Western Balkans). Проектот е со поддршка од Европската Унија, Министерството за култура и туризам, Британскиот совет, а во соработка со иницијативата „Србија создава“ и КЕА Брисел.

Можете да прочитате

ДУИ: Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани

Струмичкиот градоначалник со специјално признание на свечената академија во чест на светите петнаесет тивериополски свештеномаченици

МЕТЕО НАЈАВА: До крајот на работнава недела променливо со појава на магла по котлините, во петок наутро многу постудено!