Утрински Весник
Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ

20251225155121 big 730x400 68.webp.webp

Македонската опера и балет за вечер најави четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II  која, како што наведува, следува по три одлични изведби. 

-„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи. Оваа изведба, под диригентската палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа, соопшти МОБ.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД