Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени при судир на автомобил и трактор

Brza Pomos.png

На 01.09.2024 во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат“, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички Г.Н.(64) и С.Н.(39), како и возачот на тракторот, констатирани во Општата болница во Кавадарци, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

ОЈО: Професорка од Кочани примила пари во канцеларијата и му впишала шестка на студентот

Реконструкција на Владата и потрагата по нова опозиција, дали Македонија влегува во нова политичка фаза? 

(Фото) Веќе е доцна, но не и предоцна – стартуваше платформата „Разговори за иднината во 12:05“