Утрински Весник
Свет

Четворица јапонски војници повредени во експлозија во американска воена база во јужна Јапонија

20250609093200 big 730x400 30.webp.webp

Четворица јапонски војници се повредени во експлозија во магацин за складирање неексплодирана воена муниција во американската воена воздухопловна база „Кадена“ на јужниот јапонски остров Окинава.

Според локалните власти, повредените имаат рани на прстите. Тие ги добиле додека работеле во складот, сопственост на префектурата Окинава, каде што се чувале неексплодирана муниција од Втората светска војна, откриена на островот.


Локалните власти соопштија дека повредите на војниците не се опасни по живот.

Обединетиот штаб на јапонските сили за самоодбрана претходно соопшти дека истражува информации за експлозија во воената воздухопловна база „Кадена“, која се случила додека тим од јапонски војници, специјализиран за ракување со неексплодирана муниција, работел близу или во базата.

Стотици тони неексплодирани бомби, повеќето од нив фрлени од американските сили за време на Втората светска војна, се уште се закопани во Јапонија и понекогаш се откриваат за време на градежни работи или други активности.

Можете да прочитате

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?

Украинската војска соопшти дека извршила напад на рускиот воен аеродром Саваслејка