Утрински Весник
Македонија

Четири лица се степале во Карпош 4, прегазениот пешак има 16 години

Четири лица се степале во Карпош 4, прегазениот пешак има 16 години

Четири лица се степале на паркингот на трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Причината била сообраќајна незгода, во која автомобил удрил во 16-годишен пешак. Тој е со лесни повреди. Поради сообраќајната несреќа, настанала тепачката – поради што интервенирала брзата помош.

dobivaj vesti na viber

„Било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија за сообраќајна незгода, во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М. Г. (28) и Б. Е. (27), од една страна, и Х. Ј. (21) и Р. И. (49), од друга страна, сите од Скопје“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование

Пациентки на Онкологија останаа без терапија – Клиниката се извини за доцнењето на лекот

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа