Утрински Весник
Спорт

Челси сега се фокусира на тандемот од Брајтон

Челси сега се фокусира на тандемот од Брајтон

Челси го доведе украинскиот напаѓач Михаило Мудрик на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер вреден 100.000.000 евра, но клубот не застанува тука во овој зимски преоден рок. Следна цел на раководството и на менаџерот Грем Потер е тандемот на Брајтон, Леандро Тросар и Мојсес Каиседо.

dobivaj vesti na viber

Тросар е во конфликт со менаџерот Де Зерби, тој е отстранет од тимот и бара да го напушти стадионот „Амекс“, а за него покрај Челси е заинтересиран уште еден тим од Лондон, Тотенхем.

Грем Потер сака уште еден играч од неговиот поранешен клуб, фудбалерот од средниот ред Мојсес Каиседо. Еквадорецот се споменуваше како потенцијално засилување за Ливерпул оваа зима, но „црвените“ се откажаа од доведување нови играчи на почетокот на годината.

Челси веќе во зимскиот преоден рок ги доведе Бадијашил, Фофана и Жоао Феликс.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина