Утрински Весник
Спорт

Челси го исфрли Обамејанг од тимот за ЛШ за да направи место за новите играчи

Челси го исфрли Обамејанг од тимот за ЛШ за да направи место за новите играчи

Иднината на Пјер-Емерик Обамејанг во тимот на Челси е неизвесна, откако клубот реши да го „повлече“ од тимот за Лигата н шмпионите покрај Беноа Бадијашил, за да се нпрви место за новите ѕвезди на тимот, Енцо Фернандез, Михајло Мудрик и Жоао Феликс.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот на Челси, Греем Потер, кој неодамна призна дека имал „чуден“ разговор со своите играчи на кои им соопштил дека нема да имаат сигурно место во тимот по пристигнувањето на осум засилувања во јануари, се решил да ги додаде Фернандез, Мудрик и Феликс во тимот, додека новите фудбалери, Баијашил, Давид Датро Фофана и Нони Мадуеке нема да се во тимот.

Челси се враќаат во ЛШ на 15 февруари, кога гостуваат кај Борусија Дортмунд во осминафиналето на ЛШ, откако го освоија првото место на табелата во група Е пред Милан, Ред бул Салцбург и Динамо Загреб. Но, во последен период, „сините“ имаат лош скор од 2 победи во последните 10 меча во сите натпреварувања.

Можете да прочитате

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Европа ќе има нов фудбалски владетел