Утрински Весник
Спорт

Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ

Aleksander Ceferin Uefa.jpg

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини.


Потенцирајќи дека оваа година се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, Чеферин во писмото до Омерагиќ посочи дека ФФМ изминатите три децении „сработи многу во градењето и развојот на фудбалот‘ и изрази уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот.

„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“, порача Чеферин во писмото до Омерагиќ.

Можете да прочитате

Ѓорги Христов назначен за технички директор на ФФМ

Возачите во Формула 1 го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година

Правнукот на Мусолини ги воодушеви навивачите, тие одговорија со фашистички поздрави