Утрински Весник
Спорт

Чави признава дека придонел за пензионирањето на Пике: Тоа беше една од најтешките одлуки

Чави признава дека придонел за пензионирањето на Пике: Тоа беше една од најтешките одлуки

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, признава дека придонел за одлуката на ветеранот Жерард Пике да се пензионира, објаснувајќи дека одлуката да му даде минимална минутажа била една од „најтешките“ во неговата кариера. 35-годишниот Пике потврди дека саботниот меч со Алмерија ќе биде негов последен на „Ноу Камп“, за гостувањето кај Осасуна да биде неговиот последен меч како професионалец.

dobivaj vesti na viber

Чави признава дека одлуката на неговиот поранешен соиграч доаѓа бидејќи тој почувствувал дека загубил вредност во клубот и дека двајцата имаале „тежок“ разговор во текот на летото.

„Мечот со Алмерија ќе биде во знакот на збогувањето на Пике. Тој ги заслужува сите пофалби кои пристигнуваат. Имав среќа да бидам негов соиграч и сега негов тренер. Но, условите придонесоа за оваа одлука и го разбирам тоа, бидејќи и јас поминав низ слична ситуација, во која можеби е подобро да се тргнеш на страна. Тој имаше договор и реши да си замине, што само ја покажува неговата величини. Тој успеа во  Барселона, останува еден од најдобрите централни бекови во историјата и неговата одлука мора да се починува. Тој заслужи право да одлучи кога треба да си замине и секогаш ќе биде запаметен како легенда на клубот“, вели Чави.

Дел од шпанската фудбалска јавност ја обвини Барселона и Чави дека се однесувале со непочитување кон некој кој дал многу за клубот, но Чави смета дека морал да смета на својот тим.

„Зборувавме во текот на летото и му ги кажав моите планови за сезоната. Тоа беше еден од најтешките моменти во мојата тренерска кариера. Тој беше мој соиграч и поминавме многу заедно… Не е убаво да се носат вакви одлуки, но морам да мислам на најдоброто за нашиот клуб. Многупати помислувв да изберам некого пред него и тоа го повреди, но мораме да мислиме на тимот. Не знам дали беше фер, но секогаш бев искрен со него. Тој остана пример за сите, никогаш со лошо однесување, секогаш со 100 отсто на тренинг. Но, условите беа такви“, објаснува Чави.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина