Утрински Весник
Спорт

Чави: Лут сум, требаше да победиме

Чави: Лут сум, требаше да победиме

Баерн како домаќин ја победи Барселона со 2:0 во Лигата на шампионите. За Барселона ова е прв пораз сезонава. Тренерот на Барселона Чави во својата анализа на натпреварот истакна дека е незадоволен од конечниот резултат.

dobivaj vesti na viber

„Бевме подобри од Баерн во многу аспекти на играта. Изгледавме подобро физички и доминиравме во играта во првото полувреме. Изнервиран сум, требаше да победиме. Имавме седум многу веројатни ситуации за гол, такви шанси мора да реализирате“, изјави Чави и дополни.

„Бесен сум, но горд. Бевме изедначени. Нема да кажам дека бевме подобри, но тука се работи за победа. Првиот гол го примивме по корнер, а вториот затоа што не го спречивме контранападот. Тоа Тоа не треба да се случи. Тие се комплетен тим, но ова е почеток и ќе мора да ги подобриме тие аспекти од нашата игра. Бевме одлични во првото полувреме, ги имавме, доминиравме. Заслуживме да победиме.“

Баерн победи со головите во вториот дел на Лукас Ернандез во 51. и Лирој Сане во 54. минута.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја