Утрински Весник
Македонија

Централниот одбор на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник

20240324162124 Big 730x400 23.webp.webp
Ss2

Централниот одбор на ДОМ, на денешната седница, донел одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.

Како што соопштија од ДОМ, членовите на ЦО изразиле задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата од страна на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и донеле одлука за поддршка на неговата кандидатура.

Ss1

На седницата бил избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.

ДОМ останува посветен на реализирање на приоритетот за што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, кој е основната движечка сила за спроведување на неопходните реформи во македонското општество. ДОМ ќе продолжи да инсистира на спроведување на праведната енергетска транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, заштитата на животната средина и климата, ефикасна борба против корупцијата и унапредување на човековите права, стои во соопштението од Централната канцеларија на ДОМ.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година