Утрински Весник
Скопје

„Центарска симфонија” во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

Whatsapp image 2026 06 08 at 01.51.59.jpeg

Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник” во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија” ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.

„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.

„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување,”посочи Герасимовски.

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Можете да прочитате

Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Штерјова: Во Чаир законите не важат – со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Без струја денеска повеќе улици во Скопје