Утрински Весник
Скопје

Центар во пролетна акција: косење трева и уредување на безбедни зелени површини во сите населби и маала

2 7.jpeg

Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина.

Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика”, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата Буњаковец.


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски посочи дека станува збор за пролетна акција за уредување на зелените и тревните површини согласно пропишаните стандарди.

„Цел ни е да имаме зелени површини  што ќе бидат безбедни од појава на влекачи и глодари. Дополнително спроведена е и редовна пролетна дератизација низ целата територија на општината. И наредниов период продолжуваме со активности за  косење и одржување на зеленилото во Центар”, рече Герасимовски

На граганите им е достапна и телефонската линија 076 350 767, на која можат да пријават израсната трева  и неуредени јавни површини што се во надлежност на Општина Центар за да можат службите навремено да постапат.

Можете да прочитате

Волк чуван како домашен миленик заловен во Козле

Дали Јакимовски повторно ќе се кандидира?

Јакимовски: Општината е жртва на внатрепартиски проблеми на ВМРО-ДПМНЕ