Утрински Весник
Економија

Цената на парно греење за деловните корисници во Скопје се намалува за 35 отсто

Marko bislimovski.jpg

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто. – Цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас. Ние ја следевме цената на берзите и имајќи во предвид дека ов прертходната одлука одевме со повисоки церни видеќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлука со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.

Можете да прочитате

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми