Утрински Весник
Економија

Цената на парно греење за деловните корисници во Скопје се намалува за 35 отсто

Marko Bislimovski.jpg

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто. – Цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас. Ние ја следевме цената на берзите и имајќи во предвид дека ов прертходната одлука одевме со повисоки церни видеќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлука со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.

Можете да прочитате

Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за 7 проценти

ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”

Андовски: Граѓаните можат бесплатно да извадат дигитален извештај од Кредитниот регистар 24/7