Утрински Весник
Свет

Цело семејство исчезна во Лајпциг: Полицијата ги бара родителите и едномесечното бебе

Policija Police Pixa.jpg

Германската полиција започна потрага по семејство кое исчезнало од градската населба Грунау во Лајпциг, откако надлежните служби не затекнале никого во нивниот стан за време на планирана интервенција за заштита на дете.

Според информациите на полицијата, службите за грижа за деца во петок планирале да преземат едномесечно девојче и да го стават под заштита на државата. Меѓутоа, при пристигнувањето во станот не бил пронајден ниту еден член од семејството.


Семејството последен пат било видено истиот ден околу 16 часот, по што им се губи секоја трага. Околностите околу исчезнувањето предизвикале загриженост кај надлежните институции.

Полицијата потврди дека постои основано сомнение за загрозување на благосостојбата на детето, што било и причина за планираната интервенција на социјалните служби.

– Во тек е интензивна потрага, изјави портпаролка на полицијата, додавајќи дека се преземаат сите мерки за што побрзо пронаоѓање на семејството и обезбедување на безбедноста на детето.

Властите апелираат до граѓаните да се јават доколку имаат какви било информации за движењето или престојот на семејството.

– Бараме сведоци кои биле во контакт со семејството М. или можеби ги виделе и можат да дадат информации за тоа каде би можеле да се наоѓаат, наведува полицијата.

Според достапните податоци, станува збор за биолошките родители на детето.

Можете да прочитате

Убиен министерот за одбрана на Мали

Универзитетски професор за напаѓачот од Вашингтон вели дека е добар човек

Тод Бланч: Цел на напаѓачот биле Трамп и членови на неговата администрација