Утрински Весник
Македонија

Цеков: Нека објават ако сум добил тендер – веднаш ќе се повлечам

Img 3609.jpeg

Пратеникот Миле Цеков во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ги отфрли обвинувањата поврзани со наводни бизнис-поволности, оценувајќи ги како неосновани и тенденциозни.

„Искрено, ова ми беше смешно. Ниту некој од мојата фамилија побарал или добил тендер, вработување или лиценца. Ако постои нешто, нека се објави веднаш и нека ме демантираат“, изјави Цеков.


Тој нагласи дека доаѓа од приватниот сектор и дека неговото семејство со децении работи без државна поддршка.

„Мојата фамилија 30 години функционира без државни тендери. И јас доаѓам од реалниот сектор, како и од Стопанската комора“, рече пратеникот во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Цеков посочи дека во текот на неговиот професионален ангажман им помагал на домашни компании да се претстават на меѓународни саеми, нагласувајќи дека има директно искуство со функционирањето на бизнис-секторот.

Воедно, тој упати критики кон, како што рече, политички структури кои немаат допир со реалната економија.

„Овие обвинувања повеќе зборуваат за тие што ги изнесуваат. Ако не се функциите и партијата, тие не се способни за ништо друго. Не знаат како функционира реалниот сектор“, истакна Цеков.

Како пример, тој наведе случај со лице поврзано со ЗНАМ, за кое тврди дека добило тендер вреден 1,2 милиони евра за одржување во Македонски пошти.

„Дали тоа беа идеалите и принципите за кои се боревме?“, праша Цеков.

Можете да прочитате

Цеков ја напушти ЗНАМ: „Ова не е партијата што ја ветивме“

Цеков: Селективна правда наместо борба против криминалот

Синдикатите во Македонија: Од заштитници на работникот до сенки на системот