Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: 1,3 килограми сребрен накит запленет на ГП Богородиц

20240210105231 big 730x400 27.webp.webp

На влез на ГП Богородица царински службеници запленија 1,3 килограми сребрен накит, откако патник кој патувал од Турција се обидел истиот да го внесе во државата без да го пријави кај царинските органи. Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач.

Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор.

За сребрениот накит за којшто изјавил дека го набавил од Турција лицето не поседувал никаква документација. Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека власата се фали со роаминг, граѓаните немаат пари за патувања 

Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло