Утрински Весник
Свет

Цариниците на парискиот аеродром заплениле стотици черепи од мајмуни

Dik 300x250 mk

Царинските службеници на главниот париски аеродром заплениле стотици черепи од заштитени видови мајмуни, кои требало да се користат како награди или подароци.

dobivaj vesti na viber

Тие черепи и черепите од другите животни главно биле во пакети кои пристигнале од Камерун, соопшти вчера царината на аеродромот „Шарл де Гол“.

Примателите требало да бидат колекционери и ловечки клубови во САД. Некои од пакетите содржеле цели животни.

Ниту една од пратките немаше потребна дозвола, а цариниците речиси секој ден откриваа такви пратки на најголемиот аеродром во Франција.

Освен мајмуни, шверцувани се и други видови како видри, големи мачки, мајмуни и птици грабливки, соопштија цариниците.

Повеќе од 700 черепи од мајмуни и животни биле запленети меѓу мај и декември 2022 година, царината во четвртокот му ги предаде на Природонаучниот музеј во Екс-ан-Прованс, кој има намера да ги истражи и изложи.

„Згрозен сум кога мислам дека нашите најблиски роднини, големите мајмуни, се десеткувани, а на дождовните шуми им се одзема загрозената биолошка разновидност поради нешто што е и глупаво и скандалозно“, рече експертката за мајмуни во музејот, Сабрина Криф.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија