Утрински Весник
Спорт

Бугати засекогаш му забрани на Мејведер да ги купува нивните автомобили

Бугати засекогаш му забрани на Мејведер да ги купува нивните автомобили
300x250 (7)

Францускиот производител на супер автомобили Бугати му забрани на легендарниот боксер Флојд Мејведер да ги купува нивните автомобили.

dobivaj vesti na viber

Мејведер, познат по прекарот „Пари“, бидејќи никогаш не крие колку му се важни парите и колку сака да ги троши на начини незамисливи за обичните луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

За време на кариерата во која забележа 50 победи на исто толку натпревари заработи околу 1,1 милијарда долари, а неговото богатство моментално се проценува на околу 500 милиони долари.
Меѓу работите на кои сака да троши големи суми пари се секако луксузните и спортските автомобили. Сепак, тој веќе нема да може да паркира ново Бугати во својата гаража.

Причината е малку бизарна. Бугати го прифати Мејведер како ВИП клиент со посебни привилегии. Меѓутоа, откриле дека славниот боксер продал еден од нивните автомобили за многу повисока цена од онаа за која ја купил.

Бугати, како и повеќето производители на супер автомобили, не сака кога нивните клиенти ги препродаваат нивните возила, па на Мејведер му е доживотно забрането да купува автомобили Бугати.

Сепак, се чини дека оваа забрана не влијае многу на Мејведер. Имено, според видеата од социјалните мрежи, тој веќе одлично се забавува во Ламборџинито кое реши да го рекламира.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал