Утрински Весник
Македонија

Бугарските националисти го осудија Пендаровски: „Ние сме единствените во Европа кои му се спротивставивме на Хитлер“

Бугарските националисти го осудија Пендаровски: „Ние сме единствените во Европа кои му се спротивставивме на Хитлер“
300x250 (7)

Критики за претседателот Стево Пендаровски по барањето од Софија да се извини да се депортацијата на македонските Евреи, упатија бугарските националисти Александар Џамбаски и Виктор Стојанов.

dobivaj vesti na viber

Бугарскиот европратеник Џамбаски, познат по своите територијални претензии и ширење говор на омраза кон македонскиот народ, на социјалните мрежи пишува дека Пендаровски со барањето демонстрирал скандалозна антибугарска дрскост, а Бугарите се единствениот народ во Европа кој му се спротивставил на диктаторот, Адолф Хитлер.

Ss1

Вели дека бугарското МНР треба да одговори и да побара итно извинување од Пендаровски.

„Пендаровски  уште еднаш излажа дека властите во Софија имаат врска со депортацијата на Евреите од териториите на денешна Северна Македонија. Докажан историски факт е дека се работи за целосна и крајна лага. Истовремено, Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка. Докажан историски факт – во Кралството Бугарија никогаш на власт не бил ниту профашистички ниту националсоцијалистички режим“, пишува Џамбаски.

Џамбаски дури вели дека властите во Скопје се обидуваат да ја  негираат, како што пишува, неоспорната историска заслуга на бугарската нација, која му се спротивставила на Хитлер и ги спасила своите Евреи.

Со коментар се огласи и Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој пак, порача дека Пендаровски ќе одговара за својот неонацизам.

„Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе сфати“, пишува Стојанов.

Пендаровски вчера истакна дека правда значи да се препознае и именува вистината, а таа да биде почитувана од сите.

За да има помирување, мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи, рече Пендаровски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби