Утрински Весник
Македонија

Бугарската фондација „Македонија“ сака да постави спомен-плоча на Делчев во Баница

Стојанов: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската фондација „Македонија“ на Фејсбук објави дека луѓе од фондацијата денеска ќе постават венци за Гоце Делчев во селото Баница, каде загинал револуционерот.  Како што вели тој, наскоро треба да добие писмена дозвола од грчките власти.

dobivaj vesti na viber

„Овој четврток група на Фондација Македонија оди во фоајето на Гоце Делчев во село Баница, Серско за да постават венци, цвеќиња и да решиме каде ќе ја ставиме плочата за бугарскиот револуционер Гоце Делчев – откако ќр добиеме писмена дозвола од грчките власти. Веројатно со нас ќе земеме свештеник од БПЦ кој ќе служи молитва за Гоце.

Кој сака нека дојде – договоривме бесплатен превоз. Бараме едно лице со кола од Пловдив кое сака да дојде. Ќе му платиме за горивото. Пишете ни порака“, вели Стојанов во својата објава.

Можете да прочитате

СДСМ го исклучува Јован Деспотовски од членство во партијата

Можна е средба Мицкоски-Ахмети по Нова Година

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ