Утрински Весник
Македонија

Бугарија го враќа амбасадорот во Софија и ги замрзнува сите меѓудржавни проекти со Македонија

Бугарија го враќа амбасадорот во Софија и ги замрзнува сите меѓудржавни проекти со Македонија

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов ќе биде вратен во Софија и ќе остане таму се’ додека, според бугарските власти, не се случи вистинска промена, а дотогаш ќе бидат запрени и сите меѓудржавни проекти помеѓу двете држави, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков откако денеска беше сослушан од собраниската Комисија за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„Доколку РСМ продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти со РСМ додека Пендиков е во болница. Ако Северна Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски“, нагласи тој.

Министерот побара од македонските власти да се погрижат да има одговорност за нападот врз Пендиков, а тврди и дека тој добива закани и во болница.

„Не е можно шефот на дипломатијата на Северна Македонија да дојде во Софија, да разговара со Пендиков и да начне тема за напад на омраза, а вчера вечерта заменик министерот за локална самоуправа да се појави на некоја програма и да каже дека Христијан бил нападнат затоа што дошло до судир со наркодилери и тоа била целата криминална активност“, рече амбасадорот Ангелов.

Тој нагласи дека се недозволиви обвинувањата за некаква криминална активност, која властите во Скопје сакаат да ги припишат на жртвата.

„Тврдењата дека на Пендиков му се судело за продажба на дрога се недозволиви. Излегол од државата со пасош, поминувајќи ја граничната контрола, односно никој не го бара. На крајот на декември поднел барање за бугарско државјанство“, објасни амбасадорот Ангелов.

Говорејќи за одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, министерот изјави дека ако Бугарите бидат запрени на границата на Северна Македонија и не им се дозволи да одат во Скопје да го одбележат денот, Бугарија ќе реагира негативно.

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски