Утрински Весник
Свет

Брод со околу 160 мигранти се запали во Ламанш

Migranti.webp.webp

Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување.

Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“.

Во операцијата учествуваат британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод на Кралската национална служба за спасување (RNLI) од Истборн, со цел безбедно враќање на мигрантите на францускиот брег.

Засега не е познато дали има повредени или убиени меѓу патниците.

Во последните години значително се зголеми бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш во мали чамци.

Просечниот број патници по брод се зголеми од седум во 2018 година на 63 во периодот што заврши во март оваа година, додека достигна 70 минатиот месец.

Во јули беше поставен рекорд кога дури 165 мигранти го преминаа Ламанш со еден брод.

Портпаролот на британската крајбрежна стража изјави дека пожарот се случил во француската зона за пребарување и спасување и дека британски бродови и спасувачки брод помагаат во операцијата. 

Можете да прочитате

Околу 5.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени од британските затвори

Јужнокорејскиот претседател: Топлотниот бран е национална катастрофа

Најмалку пет лица загинаа, шест се повредени во укаринска напад во Московската област