Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати по земјотресите во Турција и Сирија надмина 33.000

Бројот на загинати по земјотресите во Турција и Сирија надмина 33.000

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Зградите се урнаа како кули од карти, а некои немаа ниту темели.

dobivaj vesti na viber

Според АП, во земјотресите што досега ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија загинале 33.179 луѓе, а се очекува тој број да се зголеми бидејќи спасувачките тимови ќе најдат уште тела во урнатините.

Досега во Турција загинале 29.605 лица, соопшти денеска турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Според агенцијата, досега 147.934 лица се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот во други турски провинции, пренесува ТАСС.

Според последните објавени податоци за Сирија, во земјотресите во таа земја загинале 3.574 лица.

Можете да прочитате

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште