Кинеските власти се обидуваат да ги придобијат поранешните британски воени пилоти со големи суми пари за да ја пренесат својата експертиза на кинеската војска, соопшти британското Министерство за одбрана.
Во него се додава дека триесетина поранешни британски воени пилоти веќе отишле да обучуваат членови на Кинеската Народноослободителна армија. Затоа, Обединетото Кралство издаде разузнавачко советување и ги предупреди поранешните воени пилоти да не работат за кинеската војска, според западните медиуми.
Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека обуката и регрутирањето на пилоти е во согласност со британските закони, но дека официјалните лица во Велика Британија и други земји се обидуваат да ги одвратат пилотите да прифатат такви понуди.
„Тие нудат многу добра сума. Парите се силен мотиватор“, рекол еден западен функционер, а пренесува Би-би-си.