Утрински Весник
Свет

Британските фармери со трактори протестираа пред Парламентот во Лондон

Traktori.webp.webp

Британските фармери синоќа во конвој со трактори се движеа од јужна Англија до Парламентот во Лондон за да протестираат против правилата донесени по Брегзит и трговските договори за кои тврдат дека им ја загрозуваат егзистенцијата и безбедноста на храната.

Десетици трактори со членови на организациите „Да го зачувме британското земјоделство“ и „Бидете фер кон фармерите во Кент“ се движеа низ јужните предградија на Лондон на пат кон плоштадот на Парламентот, каде што десетици поддржувачи чекаа да ги поздрават.

Британското земјоделство беше тешко погодено од Брегзит, кој ја извади земјата од зоната на слободна трговија на територијата на Европската унија и сложената мрежа на земјоделски правила што владеат таму.

Многу британски фармери го поддржаа Брегзит, спротивставувајќи се на заедничката земјоделска политика на Унијата, која наиде на жестоки критики. Сепак, многу од нив сега се противат на трговските договори по Брегзит што земјата ги склучи со други земји, вклучувајќи ги Австралија и Нов Зеланд.

Според нив, договорите ја отвориле вратата за евтин увоз и им наштетиле на британските производители на храна.

Организаторите на протестот го критикуваат означувањето на производите кои не се одгледуваат во Британија со британско знаме.

Властите во Лондон ги одложија контролите на увезените производи кои требаше да започнат по последното прекинување на врските со Европската унија на крајот на 2020 година, што според земјоделците ја загрозува биосигурноста.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење