Утрински Весник
Македонија

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово

Mvr.jpg

Шеесет и осумгодишен Британец вчера бил пронајден мртов во хотел во Тетово.

Вчера во 11:40 часот во СВР Тетово од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел во Тетово има починато лице, кај кого од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт без знаци на насилство. Констатирано е дека се работи за П.Ј.Р.(68) од Велика Британија“, информираат од СВР Тетово.

Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид на лице место и по наредба од ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари