Бреидаблик по вторпат со 1:0 беше подобар од македонскиот шампион Струга, за да го потврди пласманот во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА, историски успех за еден клуб од Исланд.
Малиот клуб од уште помалото место Копавогур, имаше предност од 1:0 од првиот меч во Охрид, и откако веќе во 3. минута од мечот дојде до предност со голот на Виктор Еинарсон, задачата за Струга стана речиси невозможна, бидејќи требаа да постигнат два гола за да примораат барем продолжување.
До крајот на мечот и покрај императивот на Струга да постигне гол, Бреидаблик имаше повеќе удари на голот и повеќе шанси, додека поседот на топката беше израмнет.
Сонот на Струга да станат вториот македонски клуб по Вардар кој настапил во групна фаза на едно европско натпреварување, беа уништени, но од друга страна, Бредаблик слави историски успех за државата од 380.000 жители.