Утрински Весник
Спорт

Братот на Алвеш тврди: Тој е жртва на демонско-ѓаволски загвор

Братот на Алвеш тврди: Тој е жртва на демонско-ѓаволски загвор
300x250 (7)

Неј Алвеш, братот на поранешната ѕвезда на Барселона, Дани Алвеш тврди дека неговиот брат „паднал воо стапица“ на демонско-ѓаволски заговор против него. Дани Алвеш е во притвор без опција за кауција откако беше обвинет за силување на 23-годишна девојка на 30 декември во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Неј Алвеш, кој посочува дека не може да отпатува во Шпанија да го брани својот брат бидејќи нивниот татко е во болница на итна операција, вели дека нема шанси неговиот брат да е виновен.

Ss1

„Мојот брат падна во стапица, но моето семејство нема да се откаже. Мојот брат имаше совршена кариера низ целиот свет и сега сакаат да му ја уништат репутацијата со ова. Ќе се обидеме да го извлечеме од овој демонско-ѓаволски заговор во кој падна“, изјави Неј Алвеш.

Жуниор Алвеш, уште еден од браќата на Дани, пре неколку дена изјави дека не може да контактира со својот брат бидејќи шпансите власти не го дозволуваат тоа.

Според шпанските власти, доколку биде прогласен за виновен, Алвеш го чека затворска казна од 4 до 12 години.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал