Утрински Весник
Балкан

Борисов: Оставка ќе се разгледува по влезот во еврозоната

Borisov.jpg

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска изјави дека ги слуша барањата на сите демонстранти, но можноста за оставка на Кабинетот ќе се разгледува по први јануари, кога земјата ќе ја прифати европската валута. Борисов посочи дека владата, составена од ГЕРБ, БСП и ИТН, поддржана од „ДПС – Нов принцип“, нема да размислува за оставка пред официјалното влегување во еврозоната на 1 јануари.

– Јас сум научен да го слушам гласот на секој граѓанин и ги гледам граѓаните на протестот. Политичките партии, дали се сакаме или не, кој каква стратегија има – тоа си е негова работа, но во текот на овие години не може да ми се одрече дека сум ги слушал граѓаните, рече Борисов.

– Остануваат уште 20 метри до целта на 1 јануари да влезе еврото. Тоа е геостратешка задача, сакам да ја завршам до крај. Им го објавив тоа на сите партнери и затоа ќе бидеме консолидирани во овие денови, не од инает, туку до влезот на земјата во еврозоната, истакна Борисов.

Тој оцени дека светот се наоѓа во „совршена бура“:

– Никогаш немало толку сложена состојба. А во Бугарија, партиите кои се од европски семејства кои управуваат заедно, се караат најмногу, изјави Борисов.

Можете да прочитате

Бугарскиот суд го одби барањето на Либан за екстрадиција на Гречушкин

Силен дипломатски интерес за изборот на новиот шеф на албанскиот СПАК

ГП Евзони е повторно блокиран