Утрински Весник
Македонија

Борисов: Мицкоски го повикувам да престане да зборува, завршија изборите !

Img 8049.jpeg

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, дека завршиле парламентарните избори во Македонија и дека, како што рече, одговорни изјави.

– Има Договор за добрососедство што го склучивме со РСМ. Го повикувам колегата Мицкоски, тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за успехот, но со оваа реторика ја видовте целата бугарска политичка класа воспалена. Ако сака добрососедство, имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните, категоричен е лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

Ова лидерот на ГЕРБ го изјави како првичен коментар за исходот од македонските парламентарни и претседателски избори, а го пренесува дописникот на БГНЕС.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание