Утрински Весник
Свет

Борел: Во Појасот Газа гладот се користи како „воено средство“

Screenshot 2024 03 12 204028.png

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска во седиштето на Обединети нации изајави дека недостига помош за Појасот Газа, а гладот се користи како „воено средство“.

Оваа хуманитарна криза … не е природна катастрофа, не е поплава, не е земјотрес, таа е вештачки создадена, посочи Борел.

Тој додаде дека помошта што влегува во Појасот Газа по копно е далеку под нивото од пред војната.

– Кога бараме алтернативни начини за давање поддршка, по море или од воздух, мораме да потсетиме дека тоа мора да го направиме бидејќи природниот начин на обезбедување поддршка преку копно е затворен, вештачки е затворен, истакна Борел.

Според него „гладот се користи како воено средство“, додавајќи дека „кога го осудуваме ова што се случува во Украина, мораме да ги користиме истите зборови и за тоа што се случува во Газа“.

Борел постојано го критикува Израел за неговото однесување за време на војната во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 31.000 Палестинци, главно жени и деца, според Министерството за здравство на територијата на Хамас.

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија