Утрински Весник
Свет

Борел стигна во Киев, ќе ги смирува властите по победата на Трамп во САД

Borel.webp.webp

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пристигна денеска во Киев, каде што има намера да ја увери Украина за поддршката на ЕУ, пренесе Бета.

Тоа е прва посета на висок европски функционер по победата на републиканецот Доналд Трамп (Трамп) на претседателските избори во САД.

Победата на Трамп ги загрижува Украина и Европа, кои стравуваат дека новиот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во борбата против руската инвазија. -Пораката е јасна.

Европејците ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, рече Борел, кој се очекува да ја напушти функцијата во декември.

„Ние ја поддржуваме Украина од самиот почеток, а за мојата последна посета на Украина ја пренесувам истата порака. Ќе ве поддржиме колку што можеме“, рече Борел.

За време на изборната кампања, Трамп го доведе во прашање продолжувањето на големата американска воена и финансиска помош за Украина и рече дека може брзо да постигне договор за ставање крај на војната.

-Никој не знае што точно ќе направи новата американска администрација, рече Борел, истакнувајќи дека претседателот во заминување Џозеф Бајден има уште два месеци да донесе одлуки.

Борел додаде дека ЕУ треба да ја искористи оваа можност за да изгради посилна и обединета Европа и да ја поддржи Украина.

Институтот Кил посочува дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Европа потрошила околу 125 милијарди долари за поддршка на оваа земја, додека САД издвоиле повеќе од 90 милијарди долари.

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган