Утрински Весник
Свет

Борел: Израелска офанзива во Рафа би имала катастрофални последици

Израелските планови за воена офанзива во Рафа во Појасот Газа се „алармантни“, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел.

„Извештаите за израелската воена офанзива на Рафа се алармантни“, рече Борел, додавајќи дека таквата операција ќе има катастрофални последици, влошувајќи ја и онака лошата хуманитарна ситуација.

Тој на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер повтори дека 1,4 милиони Палестинци во моментов се во Рафа без безбедно место каде можат да отидат за да се засолнат.

Градоначалникот на тој град, Ахмед ал-Суфи, предупреди на можни катастрофални последици во случај Израел да ја изврши својата најавена операција во Рафа со цел да ги елиминира трупите на Хамас, велејќи дека „секоја воена акција во град кој има повеќе од 1,4 милиони Палестинците ќе доведат до масакр и крвопролевање“.

„Апелираме до меѓународната заедница и луѓето во светот да го запрат геноцидот врз палестинскиот народ“, изјави Ел Суфи за Ал Џезира, додавајќи дека градот се бори со глад поради недостиг на залихи и дека помошта која доаѓа преку преминот Рафа е доволна само за 10 проценти од населението кое се наоѓа таму.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што претходно денеска објави Тајмс оф Израел, наводно верува дека, со оглед на меѓународниот притисок, Израел има само еден месец да ја заврши претстојната операција во градот Рафа, чија цел е да ги порази преостанатите оперативни баталјони на Хамас во Газа.

Претходно, кабинетот на израелскиот премиер објави дека Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската армија (ИДФ) „да и достави на владата комбиниран план за евакуација на населението и уништување на баталјоните на Хамас кои се кријат во Рафа“.

Началникот на Генералштабот на ИДФ Херзи Халеви го информирал Нетанјаху на седницата на воениот кабинет на која се разговарало за операцијата во Рафа дека неговите сили се подготвени да дејствуваат во тој град, но дека, како што истакнал, потребно е владата прво да одлучи што сака да направи со раселените жители на Газа.

Рафа е најјужниот град на Појасот Газа, каде што повеќето од 2,2 милиони жители на Газа се засолнија по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Можете да прочитате

Лула да Силва не го менува ставот дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа

Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

(Видео) Бајден ја прекрсти вдовицата на Навални наместо Јулија ја нарече Јоланда !