Утрински Весник
Свет

Борел: Групите косовски Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите

Борел: Групите косовски Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите

Високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел денеска изјави дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС и дека барикадите на северот на Косово мора да бидат отстранети.

dobivaj vesti na viber

– ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални акции на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мирот мора да се врати – напиша Борел на Твитер.

Тој посочи дека ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР и дека сите актери мора да избегнувшая ескалација,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток 

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата