Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ не може целосно да се изолира од Русите

Борел: ЕУ не може целосно да се изолира од Русите

Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ ќе го регулира протокот на руски граѓани кои доаѓаат во земјите од европскиот блок, но дека не може целосно да се изолира од Русите, пренесе РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

„Слушнав приказни дека Русите нема да станат поголеми демократи затоа што дошле кај нас и дека затоа нема потреба да им се издаваат визи. Но, не можеме да им забраниме на руските граѓани да доаѓаат кај нас, во нашите земји – тоа не е она што ЕУ-министрите велат дека е договорено во Прага на 31 август“, рече Борел на прес-конференција во Прага.

Истовремено, тој нагласи дека земјите од ЕУ кои граничат со Руската Федерација самите ќе го регулираат влезот на руските граѓани.

Според медиумите, министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август се согласија да го суспендираат визниот договор со Русија од 2007 година, што им олеснува на Русите да добијат туристички визи.

Можете да прочитате

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна