Утрински Весник
Спорт

Бонучи ја завршува кариерата – 24info.mk

755106 10373982 F.jpg

Леонардо Бонучи (37), легендата на Јувентус, одлучи да стави крај на својата играчка кариера.

Последната сезона од кариерата Бонучи ја мина во Берлин Унион, а потоа и во турски Фенербахче.

Стоперот, кој со Италија стана европски првак во 2021 година, сезонава одигра 12 натпревари за тимот од Истанбул, а од крајот на февруари имаше проблеми со повреди.

Бонучи најголемиот дел од кариерата го помина во Италија, најдолгата во Јувентус, со кого освои шест последователни титули од 2012 до 2017 година.

Сезона 2017/18 ги помина во Милан, а потоа се врати во Јувентус со кој освои уште две шампионски титули.

Тој исто така пет пати го освојуваше Купот на Италија. Во Серија А играше 431 пат, а за италијанската репрезентација одигра 121 натпревар.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива