Утрински Весник
Балкан

Бомбата пронајдена во Ниш од бомбардирањето на НАТО успешно отстранета и уништена

20240421163026.jpg

Од градилиштето во населбата Стеван Синѓелиќ во Ниш денеска успешно беше отстранета авионска бомба останата од бомбардирањето на НАТО. В.Д.. помошникот министер и началник на Секторот за вонредни состојби при МВР Лука Чаушиќ соопшти дека евакуираните граѓани, за време на отстарнувањето на бомбата, од оваа населба можат да се вратат во своите домови. Во меѓувреме, МВР излезе со ново соопштение во кое истакна дека воздушната бомба МК 84, тешка околу 1.000 килограми со експлозивно полнење од 430 килограми е безбедно уништена под контролирани услови во каменоломот во Гаџин Хан. Каменоломот се наоѓа веднаш до патот што води од село Сопотница до село Калетинац, а освен во тие села, според мештаните, експлозијата се слушнала и во десетина други села на падините на Сува Планина.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната