Утрински Весник
Свет

Болсонаро: Ако загубам на претседателските избори, ќе се пензионирам

Болсонаро: Ако загубам на претседателските избори, ќе се пензионирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политиката доколку не биде реизбран на претстојните избори во октомври, а анкетите покажуваат дека тој заостанува зад својот ривал, пренесуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Ако е Божја волја, јас ќе продолжам да бидам претседател. Ако не, ќе ја предадам претседателската лента и ќе се пензионирам“, изјавил Болсонаро.

Претседателот, кој има 67 години, изјавил дека на оваа возраст нема што да прави доколку неговото политичко патување заврши на 31 декември, што е последниот ден од неговиот мандат, пренесува Срна.

Болсонаро, според написите, во последно време испраќа поумерени пораки додека се обидува да го намали водството во анкетите што го има поранешниот претседател, левичарот Лула да Силва. Изборите се закажани за 2 октомври.

Болсонаро рекол дека жали што кажал во 2020 година дека не може да стори ништо за зголемениот број на смртни случаи во Бразил од Ковид-19, бидејќи тој „не бил гробар“.

Можете да прочитате

Жена во Чешка прогласена за почината, а потоа се случило нешто неочекувано

Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад