Утрински Весник
Економија

Богоев со претставници на „Макам-Транс“: Во фокусот, олеснувањето на транспортот на стоки, модернизација на граничните премини

Богоев  со претставници на „Макам-Транс“: Во фокусот, олеснувањето на транспортот на стоки, модернизација на граничните премини

Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска.

dobivaj vesti na viber

Од страна на асоцијацијата, изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ги презема во насока на унапредување на царинските процедури преку поедноставување на постапките, со цел забрзан проток на стоки и намалување на трошоците за транспортните компании.

Континуираниот дијалог и соработката со бизнис заедницата е од голема важност во креирањето политики за унапредување на трговијата и транспортот, велат од Царинската Управа

Можете да прочитате

Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард

Струјата до Нова година нема да поскапи, за понатака не се знае

Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот