Утрински Весник
Македонија

Богоев: Со дигитализација, а не со полиграф, ќе се намали корупцијата во царината

Stefan Bogoev.jpg

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа директорот на Царинската управа Стефан Богоев посочува дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, и дека би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.

Според него вработените во Царинската управа се посочени како едни од најкорумпираните. Последниот предлог кој го има Националниот координатор за гранично управување е тие секоја година да бидат ставени на полиграф. Но тоа како што вели тој не е решението за корупцијата во редовите на царина.

-Не сум сигурен дека на тој начин ќе се реши прашањето со корупцијата. И покрај тоа што веќе имам кажано дека оставам стручната јавност да одлучува во делот на полиграфското тестирање и колку точност има полиграфот бидејќи ако на некого врз основа на тоа му го прекинете договорот, а тој нема 100% точност можете навистина некому животот да му го уништите. Се работи за човечки судбини, не е само да го прекинеме договорот за работа. Ако го прекинеме врз основа на полиграф, односно врз презумција дека вие сте криминалец тоа значи многу повеќе за човек и за неговото семејство отколку само прекинување на работниот однос – вели Богоев.

Според него царина би се потпрела само на механизми и практики кои со сигурност кажуваат дали некој е корумпиран или не. Она што е многу битно и што го кажуваат колеги од други царински управи еве на пример од Република Кореја велат дека најдобар начин да се справиш со корупција е со дигитализација – посочува Богоев.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош