Утрински Весник
Македонија

Богоев: Градиме цврсти партнерства со македонските компании

Dsc03526.jpg

Доделени сертификати за успешна соработка на компаниите Костал, Комфи Анѓел, Пекабеско и Дел Кредере, а по повод светскиот ден на Царината што годинава македонската Царинска управа и останатите членки на Светската царинска организација го одбележуваат под мотото „Царината негува традиционални и поттикнува нови партнерства со цел”. Воедно сертификат беше врачен и до претседателката на Регионалната Цефта ОЕО Асоцијација, Татјана Стефановиќ, до претставник на Државниот инспекторат за земјоделство, како и до царински службеници чија посветеност во работата резултира со одлични резултати на управата.

„Царинската управа како ефикасен партнер на македонското стопанство делува се со цел да овозможи поголеми предности за македонските компании. Минатата година започнавме со активности за имплементација на развојни проекти вредни над 30 милиони евра, чии бенефити ќе ги почувствуваат сите македонски компании”, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев.

Воедно работиме и на унапредување на програмата за овластен економски оператор чија цел е олеснување на трговијата. Во моментов во рамки на ЦЕФТА изготвена е и централна база на податоци за ОЕО коишто ги имаат исполнето безбедносните барања и во моментов се работи на нејзино поврзување со царинските системи што ги користат ЦЕФТА страните.

Посветени сме и на континуирано усовршување на институционалните капацитети се со цел остварување на стратешките приоритети за олеснување на трговијата, поголеми приливи во Буџетот и безбедност на општеството.

Можете да прочитате

Не смееме да дозволиме градоначалници да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите, порача Мицкоски

Почна собраниската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Агелер: Тие кои ја поткопуваат правдата, треба да знаат дека корупцијата има последици