Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители од 2001 кои никогаш нема да бидат заборавени

1 14 Scaled.jpg

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се обрати на настан на покана од ,,Здружението на членовите  на фамилиите на загинатите припадници  на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015″ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните  ,,Вејце ” и ,,Шипковица” во 2001  година.
 
„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои .

 За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.
Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ.  Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна”, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

Можете да прочитате

АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

ВЛЕН: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава!

Без струја остана половина Македонија